Пол се заразил со вирусната болест летото 1952 година, кога имал шест години и останал парализиран од вратот надолу. Итно бил префрлен во болница во Тексас – и се разбудил во металниот цилиндар каде што ќе го мине остатокот од својот живот.
Но, тоа не го спречило Пол да заврши колеџ, па да стане адвокат и успешен писател. Неговата приказна позитивно влијае на луѓето ширум цел свет, како пример на борец кој долго ќе се помни, велат неговите пријатели.
Според „Зидојче цајтунг“, причина за смртта е последица од зараза со Ковид-19.
Пол Александер сам ги напишал своите мемоари, под наслов „Три минути за куче: Мојот живот во железните бели дробови“ (Three Minutes for a Dog: My Life in an Iron Lung), објавени во април 2020 година. Според „Гардијан“, тој ја пишувал книгата повеќе од осум години, користејќи пластично стапче, тастатура и пенкало, но и со помош на својот пријател Норман Д. Браун, кој бил негов негувател и помошник.