Свет

„Победата над злото се приближува“, изјави лауреатката на Нобеловата награда за мир Мачадо пред папата Лав XIV

Венецуелската опозициска лидерка и лауреатка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, изјави дека „победата над злото се приближува“ за време на аудиенцијата кај папата Лав Четиринаесетти, кого го замоли да се заложи за политичките затвореници по заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД на 3 јануари.

– Денеска имав благослов и чест да се сретнам со Неговата Светост и да ја изразам мојата благодарност за неговата континуирана поддршка за настаните што се случуваат во нашата земја, напиша Мачадо на социјалните мрежи по средбата со папата.

– Со поддршката на црквата и невидениот притисок од Соединетите Американски Држави, победата над злото се приближува, рече лидерката на венецуелската опозиција.

– Исто така, на папата му ја пренесов силата на венецуелскиот народ, кој останува непоколеблив и се моли за слободата на Венецуела, и го замолив да се заложи за сите Венецуелци кои остануваат во затвор или се исчезнати, додаде таа.

Мачадо се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, кој беше папски нунциј во Венецуела од 2009 до 2013 година.

Ослободувањето на политичките затвореници тече бавно во Венецуела, каде што владата денеска објави ослободување на уште 116 затвореници, но семејствата губат надеж по ветувањата од страна на владата дадени минатиот четврток.

Според проценката на светските агенции, направена врз основа на податоци од невладини организации и опозицијата, досега се ослободени само околу педесет лица.

To top