Глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“ објави дека ја повлекува понудата за купување на странските имоти на „Лукоил“ откако САД кажаа дека никогаш нема да ја одобрат оваа зделка.
„Претседателот Трамп беше јасен дека војната во Украина мора да заврши веднаш. Сѐ додека Владимир Путин продолжува со убивањето, марионетата на Кремљ ‘Гунвор‘ никогаш нема да добие дозвола за работа и профит“, соопшти американското министерство за трговија.
Портпаролот на „Гунвор“, Сет Пјетрас, кажа дека ваквата изјава е дезинформација и лажна, но компанијата сепак ја повлекува својата понуда за „Лукоил“.
Тимченко ги продаде своите акции откако САД воведоа санкции против него по руската анексија на Крим во 2014, по што компанијата се дистанцираше од Русија.
„Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка и Унгарија и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво низ Европа.