Пет луѓе загинаа, а четворица се полесно повредени во пожар што изби во станбена зграда во Каталонија, североисточна Шпанија, соопшти синоќа регионалната противпожарна служба.
Пожарот изби со петкатница во градот Манлеу.
Сè уште е непознато зошто жртвите не можеле да ја напуштат зградата, а каталонската полиција отвори истрага за причините за пожарот.
Идентификацијата на жртвите денеска ќе биде завршена, бидејќи некои од телата се карбонизирани. Се претпоставува дека загинатите се млади лица, а можеби и малолетници.