Свет помеѓу Москва и Киев

Песков: Следните преговори за Украина ќе се одржат неделава во Абу Даби

-Досега двете страни успеаја да ги намалат своите разлики по некои прашања, но не постигнаа сличен напредок по најсложените прашања, наведе Песков. 

Песков: Следните преговори за Украина ќе се одржат неделава во Абу Даби

Следниот круг тристрани преговори помеѓу Москва и Киев со посредство на САД ќе се одржат на 4 или 5 февруари во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека вчера планираните преговори не се одржале поради проблеми со распоредот.

-Досега двете страни успеаја да ги намалат своите разлики по некои прашања, но не постигнаа сличен напредок по најсложените прашања, наведе Песков.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top