Свет Кремљ

Песков: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут. Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд, наведе Песков.

Песков: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не ги признава налозите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на двајца руски офицери обвинети за воени злосторства во Украина.

-Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут. Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд, наведе Песков.

МКС издаде налози за апсење на генерал-полковник Сергеј Кобилач и на генерал-полковник и морнарички адмирал, кој беше командант на руската Црноморска флота, Виктор Соколов.

Се сомнева дека тие се одговорни за напади врз цивили, односно предизвикување прекумерна штета на цивили или цивилни објекти. Се претпоставува дека тие се одговорни и за нехумани дела кои се квалификуваат како злосторства против човештвото, истакнува МКС.

МКС минатата пролет налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговата наводна улога во депортацијата на децата. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top