Свет

Перуанскиот премиер поднесе оставка пред гласањето за недоверба

Пратеници и од левицата и од десницата повикаа на смена на премиерот, кој е близок сојузник на претседателката, поради недостиг на резултати во политиката на владата против зголемениот криминал, и покрај испраќањето на армијата за поддршка на полицијата на улиците.

Перуанскиот премиер поднесе оставка пред гласањето за недоверба

Перуанскиот премиер Густаво Адрианзен поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот.

Адрианзен, кој ја извршуваше функцијата од март 2024 година, ја достави оставката на претседателката Дина Болуарте и на министрите, покажуваат снимките од седиштето на владата.

Денеска се очекуваат нови протести против непопуларната претседателка Болуарте, додека криминалните организации во земјата ја зголемуваат својата активност, наведуваат локални медиуми.

Пратеници и од левицата и од десницата повикаа на смена на премиерот, кој е близок сојузник на претседателката, поради недостиг на резултати во политиката на владата против зголемениот криминал, и покрај испраќањето на армијата за поддршка на полицијата на улиците.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според перуанското законодавство, оставката на премиерот подразбира и оставка на целата влада.

Планирано е и гласање за недоверба на Дина Болуарте, која ужива историски најнизок рејтинг од само 2 отсто. Се очекува пратениците речиси сигурно да гласаат против неа.

Болуарте, која нема сопствена партија, управува со поддршка на десничарска коалиција што има мнозинство во парламентот. (МИА)

To top