Свет Светски руски народен собир

Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот

-Нуклеарното оружје не треба да предизвикува страв, бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот. Го очекуваме Господ Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи, изјави патријархот.

Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот

Патријархот на Руската православна црква Кирил изјави дека христијаните не треба да се плашат од крајот на светот, дури и во контекст на нуклеарното оружје.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на Кирил, дадена на пленарната седница на XXVI Светски руски народен собир.

-Нуклеарното оружје не треба да предизвикува страв, бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот. Го очекуваме Господ Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи, изјави патријархот.

-Ескалацијата на стравот околу можни апокалиптични сценарија, прекумерната вознемиреност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето… бидејќи со човек што е лишен од духовен мир полесно се манипулира. Не треба да си играме, додаде тој.

Претходно, во ноември, патријархот Кирил предложи можност за враќање на смртната казна во Русија, посочувајќи дека ниту Црквата, ниту Исус Христос експлицитно не ја осудиле. (МИА)

To top