Парламентот на Венецуале синоќа ја прогласи премиерката на Тринидад и Тобаго, Камла Персад-Бисесар, за персона нон грата поради нејзината поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и поради пристигнувањето на американски воен брод во нејзината земја.
-Оваа дама дозволува Тринидад и Тобаго да се користи како носач на авиони против Венецуела, а ние ќе дејствуваме на секој можен начин за да се осигураме дека Венецуела ќе биде почитувана, рече претседателот на парламентот, Хорхе Родригез, пред одлуката, која пратениците едногласно ја одобрија.
Американски воен брод се закотви пред два дена во главниот град на Тринидад и Тобаго, додека администрацијата на Трамп го зголемува воениот притисок врз соседна Венецуела и нејзиниот претседател, Николас Мадуро.
Мадуро го критикуваше движењето на носачот, сметајќи го за обид на американската Влада да измисли „уште една вечна војна“ против неговата земја.
Трамп го обвини Мадуро, без да даде докази, дека е водач на организираната криминална банда Трен де Арагва.