Папата Лав Четиринаесетти денеска ги осуди политичките лидери кои се повикуваат на верски уверувања за да ги оправдаат конфликтите или своите националистички политики, нарекувајќи го тоа облик на богохулство и сериозен грев на непочитување или навреда кон Бога.
Лав Четиринаесетти, првиот папа од САД, не именуваше конкретни лидери во својата порака објавена во пресрет на Светскиот ден на мирот на Католичката црква на 1 јануари, но повика верниците да се спротивстават на секоја таква злоупотреба на верата.
– За жал, сè почесто се користи јазикот на верата во политичките битки, се благословува национализмот и се оправдува насилството и вооружената борба во името на религијата, рече папата.