Свет

Палестински власти во Газа: Најмалку 274 убиени и 698 ранети во бегалскиот камп Нусејрат

Палестински власти во Газа: Најмалку 274 убиени и 698 ранети во бегалскиот камп Нусејрат

Палестинските власти во Појасот Газа соопштија дека во вчерашните израелски напади врз бегалскиот камп Нусејрат, загинале најмалку 274 Палестинци, а 698 се повредени.

Бројот на убиени луѓе во Газа од почетокот на војната, според палестински извори, надмина 37.000, а на повредените достигна околу 85 илјади.

Нападите врз Нусејрат денеска ги осудија Египет, Либан, Иран и Кувајт.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, пак, ги отфрли критиките за вчерашната операција на израелската армија во Нусејрат во која беа ослободени четворица израелкси заложници.

– Светот се восхитуваше на храброста, одлучноста и способностите на израелската армија со цел да ги ослободи заложниците. Многумина испратија пораки за поддршка, но има и оние непријатели на Израел кои жалеа за ликвидацијата на терористите на Хамас и нивните соучесници, обвинувајќи го Израел за војна злосторства, напиша Кац на социјалната мрежа Х.

Шефот на израелската дипломатија го повтори ставот на израелската влада дека го користеле правото на самоодбрана во Нусејрат, како и дека ќе продолжат со акциите во Појасот Газа додека не го уништат Хамас и не ги ослободат сите заложници.

To top