Израелските сили од утрово убиле најмалку 11 Палестинци во Појасот Газа, вклучувајќи седум лица убиени во градот Газа, јави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински извори од теренот.
Најновите убиства се регистрирани во болницата Ал-Акса во градот Деир ел-Балах, каде што биле пренесени две тела и повредени лица откако израелски воздушен напад погодил шатор за раселени лица во областа Ал-Саварха, југозападно од Нусеират во централна Газа.
Извори од итните служби навеле и дека две лица биле убиени во израелски напад со дрон на населбата Тал ал-Хава, југозападно од градот Газа. (МИА)