Свет BBC

Ова е пресврт за цела Велика Британија – кралот Чарлс III откри нови детали за својата борба со канцерот

Британскиот крал Чарлс III со британската нација споделил вести за неговата здравствена состојба и може да се каже дека ова се првите големи вести откако во 2024 година објави дека боледува од канцер.

Ова е пресврт за цела Велика Британија – кралот Чарлс III откри нови детали за својата борба со канцерот

Британскиот крал Чарлс III со британската нација споделил вести за неговата здравствена состојба и може да се каже дека ова се првите големи вести откако во 2024 година објави дека боледува од канцер.

Кралот синоќа се обратил пред британската јавност за да открие каква е неговата здравствена состојба.

Британскиот монарх открил дека во февруари 2024 година му бил дијагностициран канцер. Од тогаш е на лекување, а одредено време се повлекол и од своите кралски должности.

Тој истакнал дека неговото лекување на канцерот дошло до исклучително добра фаза. Тој многу добро реагирал на терапијата, што на докторите им овозможува да преминат во „фаза на внимание“, што подразбира поретки контроли и третмани.

„Овој пресврт е благослов и доказ на извонредниот напредок во борбата за заболените од канцер“, порачал кралот Чарлс во однапред снимената порака.

Иако терапијата ги ублажува симптомите, сепак кралот не е официјално прогласен за излекуван ниту е кажано дека се наоѓа во ремисија, а следењето на неговата состојба секако дека ќе се одвива и во текот на наредните месеци.

Ова е најголемата вест за неговата здравствена состојба од 2024 година кога првпат јавно зборуваше за дијагнозата на канцер.

Британскиот монах во оваа прилика ја спомнал важноста за раното откривање на болестите.

„Знам колку дијагнозата на канцер може да биде застрашувачка. Но, исто така знам дека раното откривање може да го смени текот на лекувањето и да даде скапоцено време за медицинските тимови“, истакнал и додал дека не треба да се потцени важноста на превентивните прегледи.

„Вашиот живот или животот на некој кој го сакате може да зависи од тоа“, додал кралот.

Тој во оваа прилика им се заблагодарил и на докторите, медицинските сестри и истражувачите и волонтерите.

To top