Свет сомалија

Ослободени членовите на екипажот од танкерот нападнат од пирати во близина на Сомалија

Сите 24 членови на екипажот од грчкиот танкер HELLAS APHRODITE што плови под знаме на Малта и вчера беше нападнат од пирати во близина на брегот на Сомалија, денеска се ослободени и се во добра состојба, јави дописничка на МИА од Атина.

Поморските сили на Европската Унија (ЕУНАВФОР) соопштија дека по спроведената акција Аталанта екипажот е безбеден и нема пријавени повредени, а во текот на целиот инцидент останале во т.н. безбедна соба (citadel) и биле во директен контакт со Аталанта.

Шпанска фрегата што учествувала во операцијата се доближила до танкерот, а по извршената проверка, биле ослободени морнарите.

Пиратскиот напад се случи вчера наутро на 6 ноември, кога Пиратската акциона група (ПАГ) активна во конкретната област се качиле на танкерот што плови под знаме на Малта од Сика, Индија до Дурбан, Јужна Африка.

To top