Свет

Оконџо-Ивеала: Светскиот поредок е неповратно променет

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, денеска изјави дека мултилатералниот систем е фундаментално променет и дека земјите мора да се фокусираат на иднината и реформата на глобалниот трговски поредок. Таа ја испрати пораката до делегатите на отворањето на 14-тата министерска конференција на СТО во Јаунде, Камерун, пренесуваат британските медиуми.

-Светскиот поредок и мултилатералниот систем каков што го знаевме се неповратно променети. Нема да ги вратиме… Мора да гледаме кон иднината, истакна Оконџо-Ивеала.

Иако 72 проценти од светската трговија сè уште се одвива според правилата на СТО, а растот на трговијата поврзана со вештачката интелигенција е светла точка, Оконџо-Ивеала предупреди дека глобалниот трговски систем се соочува со значителна неизвесност. Таа како главни причини ги наведе конфликтот на Блискиот Исток и последиците од американските царини што влијаат врз земјите ширум светот.

Оконџо-Ивеала, исто така, ги наведе клучните проблеми со кои се соочува СТО, вклучувајќи ја парализата на органите за решавање на спорови и недостатокот на транспарентност во известувањето за државните субвенции.

Таа го илустрираше проблемот со податоците дека за 2025 година, само 64 земји-членки поднеле известувања за субвенции, додека 102 не.

-Недостатокот на транспарентност води кон недостаток на доверба, а тоа предизвикува сомневања за нефер практики и дејствија спротивни на пазарните принципи, таа пред делегатите.

Ова, додаде таа, придонело за создавање „маѓепсан круг“ на недоверба што ги спречува членките да се договорат за нови правила и потребни реформи.

To top