Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на војната на 7 октомври во израелските бомбардирања во Појасот Газа загинале 33.175 Палестинци, а 75.886 се ранети.
„Само во изминатите 24 часа загинале 38 Палестинци, а 71 е ранет“, се наведува во соопштението на Министерството. (МИА)