Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска побара од САД „целосен извештај“ за апсењето на двајца водачи на моќниот картел Синалоа на територијата на Тексас.
Меѓу уапсените е и ко-основачот на озлогласениот наркокартел Исмаел Замбада Гарсија, алијас „Ел Мајо“.
„Американската влада мора да обезбеди сеопфатен извештај, а не само општи изјави. Мора да има информации, мора да има транспарентност, рече Лопез Обрадор на прес-конференција.
Мексико не беше вклучен во апсењата во Тексас. (МИА)