Свет

Обилните снежни врнежи го зголемуваат ризикот од лавини во европските зимски спортски региони

Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија, Австрија, Франција и Германија.

Обилните снежни врнежи го зголемуваат ризикот од лавини во европските зимски спортски региони

Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија, Австрија, Франција и Германија.

Кантонот Вале во Швајцарија денеска наутро прогласи највисоко ниво на предупредување за лавини – Ниво 5, додека во целиот алпски регион во сила остана Нивото 4, извести Институтот за истражување на снег и лавини WSL во Давос.

Висок ризик беше пријавен и на надморска височина над 1.800 метри во западна Австрија. Новиот снег и снежните наноси предизвикани од ветерот би можеле да предизвикаат лавини во Форарлберг и делови од Тирол, се наведува во извештаите.

За делови од Австрија оваа недела се предвидуваат дополнителни обилни снежни врнежи.

Италијанските претставници на планинската спасувачка служба повикаа на голема претпазливост во планините, особено во Пиемонт, долината Аоста и Јужен Тирол.

Во Франција, националната метеоролошка служба Météo France информира за висок ризик од лавини, додавајќи дека тој полека се намалува. Патиштата и другата инфраструктура се изложени на ризик во повисоките региони, се вели во извештајот.

Претставниците на планинското спасување прогласија ризик од Ниво 3 за планините Татри на југот, со опасни услови над шумската граница.

Новиот снег во германските Алпи предизвика зголемување на ризикот од лавини. Скијач загина во Алгој во длабок снег, а во овој регион, кој граничи со Австрија, беа прогласени предупредувања од Ниво 4 и 5.

Германските власти исто така предупредија за ризик од лавини во Шварцвалд на југозапад, особено во регионите околу Фелдберг во близина на швајцарската граница.

Тројца скијачи кои излегле надвор од патеката и ги игнорирале предупредувањата за лавини загинаа во француските Алпи, пренесе ДПА. Во неделата, тројца скијачи загинаа во долината Аоста, а двајца австриски сноубордери загинаа во Тирол.

To top