Свет невреме

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 33 лица загинаа во Оман

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа.

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 33 лица загинаа во Оман

Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман загинаа најмалку 33 луѓе, а се трага по исчезнатите.

Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Пред невремето во ОАЕ беа затворени училиштата, а државните службеници работат од дома.

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Властите со цистерни ја испумпуваат водата од улиците и автопатиштата.

Во Дубаи наврнале повеќе од 30 милиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат дури 128 милиметри.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

Најнови вести од Свет

To top