Свет Влада

Норвешка ќе обезбеди 240 милиони долари за зајакнување на украинската морнарица

Според Владата, 100 милиони круни претходно биле наменети за поморска обука и други мерки во 2025 година и сега таа одобрила нов пакет.

Норвешка ќе обезбеди 240 милиони долари за зајакнување на украинската морнарица

Норвешка ќе обезбеди 2,7 милијарди круни (240 милиони долари) за зајакнување на украинската морнарица за да и помогне да ги одврати руските сили во Црното Море, соопшти денеска норвешката Влада.

„На Украина и треба поголема поддршка за да ги одврати руските поморски сили во Црното Море во претстојното време. Неопходно е да се заштити украинското население и украинската инфраструктура од нападите на руската Црноморска флота. Исто така, важно е да се заштити извозот преку море на жито и други производи, кои генерираат клучни приходи за Украина“, се вели во соопштението на премиерот Јонас Гар Сторе.

Според Владата, 100 милиони круни претходно биле наменети за поморска обука и други мерки во 2025 година и сега таа одобрила нов пакет.

Поддршката ќе вклучува донации од норвешките вооружени сили, како и воена опрема набавена од индустријата за донацијата, велат од Владата. (МИА)

To top