Свет војна

Њујорк тајмс: Ханија е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел

Лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханија е убиен во средата наутро со „софистицирана бомба на далечинско управување“ прошверцувана во резиденцијата во Техеран каде што престојувал, а не со ракета, како што беше претходно објавено, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеца.

Нема официјален коментар од Израел за убиството на Ханија.

Американскиот весник цитира официјални лица од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување.

-Некои американски официјални лица кои побараа да останат анонимни заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк Тајмс.

Ханија во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

Најнови вести од Свет

To top