Свет гренланд

Нилсен: Гренланд не е на продажба, сојузниците од НАТО дадоа поддршка

Гренланд не е територија која може да биде анектирана или преземена со нечија волја, порача денеска премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, додавајќи дека поддршката на европските сојузници и НАТО е од клучно значење за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на тој остров во состав на Данска.

Во објава на Фејсбук, Нилсен наведе дека Гренланд ги засили дипломатските и политичките активности во последните години за јасно да стави до знаење дека жителите на Гренланд сами одлучуваат за својата земја и нејзините граници, и како што оцени, резултатите од таа политика се веќе видливи преку силна меѓународна поддршка.

Тој посочи дека францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерите на Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија, Џорџа Мелони, Доналд Туск, Педро Санчез и Кир Стармер, како и данската премиерка Мете Фредериксен, во заедничка изјава недвосмислено го поддржаа Гренланд и почитувањето на неговиот територијален интегритет.

Најнови вести од Свет

To top