Симптомите на мистериозната болест, која први ја пријавија вработени во американската амбасада во кубанскиот главен град Хавана, а подоцна и други дипломати, разузнавачки агенти и друг американски персонал ширум светот, се манифестираат со нарушувања на слухот, чувство на притисок во главата, главоболки, мигрена, вртоглавица и губење на меморијата.
– Овие лица имаат симптоми кои се реални, вознемирувачки и многу тешки за лекување, рече доктор Лејтон Чен, вршител на должноста главен научен директор на Националниот институт за здравје и главен автор на студијата.