Шверцот со дрога, илегалната проституција и шверцот со тутун генерирале околу 17 милијарди евра во Холандија во 2021 година, но најголемиот дел од приходите течеле во странство, според новото истражување на холандскиот Национален завод за статистика.
-Вкупно, незаконските активности генерираат 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година, соопшти канцеларијата.
Најголеми приходи донесе кокаинот, генерирајќи 10,7 милијарди евра од продажба, но 90 отсто од приходите отидоа во странство.
-Голем дел од меѓународната трговија со дрога што се одвива во Холандија е под контрола на луѓе кои не живеат овде, наведува Националната статистичка служба на Холандија во публикацијата „Проценка на недозволени активности во националните сметки“.
Покрај трговијата со кокаин, Националниот завод за статистика проценува и производство и трговија со синтетички дроги, производство и трговија со канабис, проституција и нелегално производство и трговија со тутун. (МИА)