Свет војна

НЕИМЕНУВАН АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСТАВНИК: Украина ги доби првите воени авиони Ф-16 кои ги бара со месеци

Украина ги доби првите борбени авиони Ф-16 што ги бараа со месеци за да возврати на руските ракетни напади, потврди денеска неименуван американски претставник.

Засега не е јасно колку авиони биле испорачани во првата транша, како и кои земји ги испратиле, пренесува АП.

Украинската влада се уште не потврдила дека добиле ловци Ф-16.

Украина со месеци ги бараше од своите западни сојузници овие авиони, велејќи дека тие се клучни во борбата против руските ракетни напади бидејќи Ф-16 се специјализирани за неутрализирање на противничката противвоздушна одбрана.

Западот се двоумеше да ги испорача авионите по првичната загриженост дека вооружувањето на Украина со модерна опрема може дополнително да ја прошири војната со Русија, според АП.

За време на посетата на Вашингтон за учество на самитот на НАТО, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да ги отстранат сите ограничувања за тоа како ќе се користи западното оружје, особено барајќи Киев да може да гаѓа руски цели со тоа оружје.

Според украинските власти, Украина има потреба од најмалку 130 ловци Ф-16 за да ја неутрализира руската противвоздушна одбрана.

To top