Свет изјава

Небензја во ОН: САД се обидуваат да се наметнат како „највисок судија“ во светот

Русија категорично ја осудува, како што ја нарече, агресијата на САД против Венецуела, изјави денеска постојаниот претставник на Москва во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Небензја во ОН: САД се обидуваат да се наметнат како „највисок судија“ во светот

Русија категорично ја осудува, како што ја нарече, агресијата на САД против Венецуела, изјави денеска постојаниот претставник на Москва во Обединетите нации, Василиј Небензја.

„Решително го осудуваме чинот на вооружена агресија на САД против Венецуела, кој е во спротивност со сите норми на меѓународното право“, изјави Небензја на седница на Советот за безбедност на ОН, свикана поради настаните во Венецуела.

Тој наведе дека апсењето на венецуелскиот лидер, проследено со смртта на неколку венецуелски и кубански државјани, за многумина претставува навестување за враќање на ерата на беззаконие и американска доминација заснована на сила.

Според Небензја, меѓународната заедница не смее да дозволи САД самите да си ја доделуваат улогата на „највисок судија“, кој има право да навлегува во која било држава, да прогласува виновници и да спроведува казни, игнорирајќи ги принципите на меѓународната јурисдикција, суверенитетот и немешањето.

Тој додаде дека со ваквите дејствија Вашингтон, според Москва, ѝ дава нов поттик на политиката на неоколонијализам и империјализам во Латинска Америка, која, како што рече, е повеќепати отфрлана од народите во регионот и од глобалниот југ.

– Особено загрижувачки е цинизмот со кој Вашингтон дури и не се обиде да ги прикрие вистинските цели на, како што ја нарече, криминалната операција – воспоставување неограничена контрола врз природните богатства на Венецуела и зацврстување на своите политички амбиции во Латинска Америка, истакна Небензја.

To top