Свет Во Австралија

Научно истражување: Развиен нов метод „интелигентна“ преврска за рани која може истовремено да ги следи и лекува повредите

„Тим научници од Универзитетот РМИТ (RMIT) од Австралија,  развиле метод за вградување на мали, мултифункционални наноматеријали, познати како јаглеродни точки, во хидрогелна преврска која овозможува истовремено следење и третман на раната“, се наведува во соопштението на РМИТ. 

Научно истражување: Развиен нов метод „интелигентна“ преврска за рани која може истовремено да ги следи и лекува повредите

Истражувачи од Австралија развиле „интелигентна“ преврска за рани која може истовремено да ги следи и лекува повредите. Тоа според научниците има потенцијал значително да помогне во лекување на различен вид рани.

„Тим научници од Универзитетот РМИТ (RMIT) од Австралија,  развиле метод за вградување на мали, мултифункционални наноматеријали, познати како јаглеродни точки, во хидрогелна преврска која овозможува истовремено следење и третман на раната“, се наведува во соопштението на РМИТ.

Според истражувачите, овој нов тип „паметна“ лепенка реагира на промени во „pH“ -вредноста на раната, кои може да укажуваат на присуство на инфекција. Во таков случај, преврската ја менува бојата и автоматски активира ослободување на терапевтски нанозими – вештачки создадени наноматеријали што придонесуваат за намалување на воспалението и го забрзуваат процесот на заздравување.

Научниците дополнуваат дека третманот може да се изведе и рачно, со примена на лесен притисок врз преврзаната рана – од страна на пациентите или здравствените работници. Според Нан Нан, докторанд на РМИТ и автор на научниот труд, двојната функција на оваа „интелигентна“ преврска овозможува навремена и поефикасна медицинска интервенција. Студијата е објавена во научното списание „Кемикал инџиниринг сајенс“ (Chemical Engineering Science). (МИА)

To top