Свет

НАТО останува посветен на Западен Балкан

НАТО останува посветен на Западен Балкан

Во заедничката декларација усвоена на Самитот на НАТО во Вашингтон, помеѓу другото се наведува дека Алијансата ќе остане силно посветена на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, регион „од стратешко значење за Северноатлантската алијанса“.

– Ќе продолжиме да го подобруваме политичкиот дијалог и практичната соработка со Западен Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучувајќи дезинформации, хибридни и кибер закани, претставени од државни и недржавни актери, се истакнува во декларацијата.

Во документот се додава дека демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции и дека се очекува континуиран напредок на тој план.

Во декларацијата, исто така, се наведува дека НАТО останува посветен на континуиран ангажман на Западен Балкан, вклучително и преку Косовските сили (КФОР).

На Самитот во Вашингтон, лидерите на земјите-членки ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина на „неповратниот пат кон целосна евроатлантска интеграција, вклучително и членство во НАТО“ и најавија помош од 40 милијарди евра во текот на следната година. Тие апелираа до Кина да престане да ја поддржува Русија во војната против Украина.

To top