Свет

Најмалку едно лице загина во ураганот Берил во карипската држава Гренада

Најмалку едно лице загина во ураганот Берил во карипската држава Гренада

Најмалку едно лице загина од ураганот Берил што ја погоди карипската земја Гренада, соопштија официјални лица.

Американските медиуми јавуваат дека ураганот Берил доцна синоќа зајакна до петта категорија, корнејќи ги покривите и предизвикувајќи голема штета на куќите низ југоисточниот дел на Карибите.

Берил го погоди островот Кариака во карипската држава Гренада како бура од четврта категорија, а потоа синоќа достигна брзиина од 260 милји на час и стана бура од петта категорија, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами.

Ураганот оштети куќи, корнеше дрвја и урна далноводи во островската држава Света Луција, јужно до Гренада.

Најнови вести од Свет

To top