Свет Повеќе од 200 се ранети

Најмалку 62 жртви во вчерашниот израелски напад на источен Либан

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе.

Најмалку 62 жртви во вчерашниот израелски напад на источен Либан

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар.

Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, Хфир, Џунин, Рам и Алак.

Интензивните напади траеја околу пет часа и започнаа вчера рано изутрина.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе.

Судирот меѓу Израел и Хезболах ескалираше откако Хезболах почна да лансира ракети кон северните делови на Израел како поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, а Израел одговори со копнена офанзива и силни воздушни напади.  (МИА)

To top