Најмалку 41 лице загина за време на дводневното израелско бомбардирање на градот Кан Јунис на југот на Газа, соопшти палестинската Црвена полумесечина.
Меѓу жртвите има и „раселени лица кои барале засолниште“ во просториите на Црвената полумесечина.
Израелската армија на социјалната платформа „Икс“ објави дека ја „проширува операцијата во областа Кан Јунис“ во јужниот дел на Газа во својата офанзива против Хамас. (МИА)