Припадници на еерористичката група Ал Шабаб деенска нападна три воени пунктови во Сомалија, при што загинаа најмалку 37 лица.
Портпаролот на сомалиската Влада изјави дека во нападите во крајбрежната покраина Галгадуд загинале осум војници и 29 борци на исламистичката милиција.
Ал Шабаб соопшти дека повеќе од 60 владини војници се убиени, запленето е оружје и муниција, а борците привремено ја презеле контролата врз округот Ел Дере.
Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, со години се бори против Владата во Могадишу, а исто така изведува напади во Кенија и во Уганда.
Безбедносните експерти предвидуваат зголемена соработка меѓу Ал Шабаб и Хутите во Јемен.