Повеќе од 30 луѓе се повредени во синоќешниот руски напад со дронови врз Харков.
Претседателот на воената администрација во Харков, Олег Синегубов на Телеграм објави дека најмалку 32 луѓе се повредени, а помеѓу повредените има и деца на возраст од девет до 13 години, како и 17-годишно девојче.
Тој додаде дека шестмина се хоспитализирани.
Синоќа и Одеса беше под напад на руски беспилотни летала.