Свет Хамас

Најмалку 17.700 луѓе загинаа во Газа од почетокот на војната

Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, во нападот изведен од Хамас, при што беа земени и околу 240 заложници и одведени во Газа.

Најмалку 17.700 луѓе загинаа во Газа од почетокот на војната

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во двомесечната војна меѓу Израел и Хамас во израелските напади во Појасот Газа загинале 17.700 луѓе, а 48.780 се ранети.

Владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, проценува дека реалниот број на загинати и ранети е всушност многу поголем бидејќи спасувачките служби и странските невладини организации не можат да стигнат до сите бомбардирани области и да ги извлечат жртвите од урнатините.

Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, во нападот изведен од Хамас, при што беа земени и околу 240 заложници и одведени во Газа.

Најнови вести од Свет

To top