Свет Хорор

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари во Перу

Во Перу годинава регистрирани се 222 шумски пожари, од кои 51 сè уште се активни.

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари во Перу

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари ширум Перу, изјави министерот за здравство Сезар Васкез.

Во Перу годинава регистрирани се 222 шумски пожари, од кои 51 сè уште се активни.

Претседателката на Перу, Дина Болуарте вчера отпатува во регионот Амазон за да ги координира акциите со локалните власти и другите институции. Генералната дирекција за управување со ризици од катастрофи мобилизира 65 здравствени работници, 59 бригади за интервенција и 25 возила на брзата помош во најзагрозените подрачја од пожарите.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top