Свет Во Обединети Арапски Емирати, Јордан и Кувајт

Најмалку 14 луѓе повредени во иранските напади врз соседните земји

Армијата на ОАЕ соопшти дека денеска пресретнала вкупно 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови.

Најмалку 14 луѓе повредени во иранските напади врз соседните земји

Во денешните ирански напади врз Обединети Арапски Емирати, Јордан и Кувајт повредени се вкупно 14 луѓе.

Во Абу Даи повредени се 12 лица во подрачјето на Аџбана. Повредените се државјани на Непал и на Индија.

Во ОАЕ не работи гасоводот Хабшан откако врз него паднале остатоци од иранските проектили.

Армијата на ОАЕ соопшти дека денеска пресретнала вкупно 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови.

Во Јордан повредени се две лица откако армијата собори два ирански проектила.

Во иранскиот напад врз Кувајт погодени и оштетени се постројките за десалинизација во Кувајт.

И Бахреин и Саудиска Арабија соопштија дека собориле ирански беспилотни летала. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top