Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека 30.631 Палестинец се убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација.
Како што е соопштено, во изминатото деноноќие загинале 97 лица, а ранети се 123. Од 7 октомври кога почна војната досега се ранети вкупно 72.043 лица.
-Повеќето од жртвите се жени и деца, соопшти Министерството, а се верува дека илјадници тела се под урнатините низ Газа и не се вбројуваат меѓу жртвите.