Министерот за надворешни работи на Молдавија, Нику Попеску денеска соопшти дека поднесува оставка, пренесе БТА.
-Ги исполнив сите мои должности поврзани со интеграцијата во ЕУ, кои ми ги постави претседателката Маја Санду. Ми треба пауза, изјави тој.
Додека Попеску беше министер за надворешни работи, Молдавија доби статус на кандидат за членство во ЕУ, а на крајот на минатата година и Европскиот совет донесе одлука за почеток на преговори за пристапување на земјата во блокот. (МИА)