Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата, напиша на социјалната мрежа „Икс“ претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по повод веста за смртта на рускиот опозициски лидер.
„За своите идеали, Навални го жртвуваше најскапото. За ЕУ, одговорноста за неговата трагична смрт е целосно на рускиот режим, посочува Мишел.
Тој изразува сочувство до семејството на Навални и до оние кои во најмрачните услови се борат за демократија ширум светот.
„Борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува, вели претседателот на Европскиот совет.
„Светот загуби борец чија храброст ќе се памети генерациите што доаѓаат. Згрозена сум од смртта на Алексеј Навални, добитник на наградата Сахаров за слобода на мислата на ЕП. Русија му ја одзеде слободата и животот, но не успеа да му го одземе достоинството. Неговата борба за демократија продолжува, напиша претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. (МИА)