Свет

Министрите за надворешни работи на Г7 ветија дека ќе останат обединети во нивната „цврста“ поддршка за Украина

Министрите за надворешни работи на Г7 ветија дека ќе останат обединети во нивната „цврста“ поддршка за Украина

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска во Токио соопштија дека ќе останат „обединети“ во нивната „цврста поддршка“ на Украина против руската инвазија „дури и во актуелната меѓународна ситуација“, во однос на војната на Израел и палестинскиот Хамас.

Тие, исто така, ја потврдија својата желба да продолжат заедно да воведуваат строги санкции кон Москва, да ги забрзаат напорите за обнова во Украина на краток и долг рок и да работат на мировниот процес со другите меѓународни партнери, се вели во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.

Важно е Г7, која ги обединува најбогатите либерални економии, јасно да каже дека меѓународната заедница се обврзала да ја поддржи Украина и дека „никогаш нема да се замори“ дури и ако избие нов конфликт на Блискиот Исток, рекла јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава во соопштението.

Шефовите на дипломатиите на водечките светски демократски држави, исто така, „остро го осудија“ пренесувањето на севернокорејското оружје во Русија, потсетувајќи дека тоа е директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Тие, исто така, ги осудија повеќекратните лансирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја.

Членовите на Г7 (САД, Јапонија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Канада) исто така денеска се обидуваат да постигнат консензус во врска со повикот за хуманитарна пауза во Газа, која со месеци е зафатена од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

To top