Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 29.606 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкото палестинско движење.
Според извештаите, најмалку 92 лица загинале во последните 24 часа.
Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година ранети се вкупно 69.737 лица.