Свет ОХЦХР

Милицијата на РСФ за три дена во април убила над 1.000 судански цивили

Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХЦХР) во извештајот наведува дека „документирала убиство на најмалку 1.013 цивили во контекст на офанзивата на РСФ врз кампот за внатрешно раселени лица Замзам“ помеѓу 11 и 13 април

Милицијата на РСФ за три дена во април убила над 1.000 судански цивили

Милицијата на Силите за брза поддршка (РСФ), која веќе 2,5 години се бори против владините трупи во Судан,во тридневната офанзива во април годинава убила повеќе од 1.000 цивили, покажува извештајот на ОН објавен вчера, пренесе ДПА.

Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХЦХР) во извештајот наведува дека „документирала убиство на најмалку 1.013 цивили во контекст на офанзивата на РСФ врз кампот за внатрешно раселени лица Замзам“ помеѓу 11 и 13 април.

ОХСХР наведува дека повеќе од 400.000 жители на кампот дополнително биле раселени за време на тридневната офанзива, пренесува германската агенција.

РСФ во офанзивата во април го нападнале и уништиле бегалскиот камп Замзам во близина на Ел Фашер. Во тоа време, во овој најголем бегалски камп во Северен Дарфур престојувале неколку стотици илјади лица.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

РСФ во април 2023 година започна напади врз воени и цивилни цели во Судан откако се спротивставија на интеграцијата во армијата. Бруталната борба за власт што се појави создаде она што ОН го опишува како најголема хуманитарна криза во светот.

Според бројките на ОН, борбите раселиле околу 12 милиони лица во земјата, додека секој втор жител е загрозен од глад, пренесува ДПА.

To top