Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа мора да ја „зголеми цената на војната“ во Украина за да ја принуди Русија на прекин на огнот.
– Прекинот на огнот сè уште не е на дневен ред, сосема очигледно, бидејќи Русија не го сака. Затоа мора да продолжиме да ја зголемуваме цената на војната, за Русија да разбере дека нема смисла да ја продолжува, посочи Мерц на партиската конференција на Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦСУ).
Претходно, претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер истакна дека руската анексија на Крим и нападот врз Украина претставуваат историска пресвртница.
Според него, мора да се спречи сценарио во кое региони или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили и повика на поактивна улога на меѓународната заедница.