Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 176 украински дронови.
„Од 23 часот на 12 март до 7 часот утринава дежурните единици на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 176 украински беспилотни летала“, се наведува во соопштението.
Од соборените украински дронови најмногу ( 80) биле пресретнати и уништени над Крим, додека останатите во реоните северно од Кавказ.
Истовремено Киев соопшти дека украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта неутрализирала 117 од 126 руски дронови упатени кон украинска територија. Киев јавува и за најмалку еден извршен напад на руските сили со балистичка ракета и осум напади со јуришни дронови.
Според украинската армија, руските сили употребиле една ракета „Искандер – М“ лансирана од Ростовската област, 126 дронови од типовите „Шахед“, „Гербера“ и „Италмас“, лансирани од градовите Орел, Бријанск, Курск, Милерово и Проморско-Ахтарск. (МИА)