Свет

Меѓународни експерти за човекови права ја обвинуваат Националната гарда на Венецуела за злосторства

Активисти за човекови права, овластени од Обединетите нации, ја обвинија Националната гарда на Венецуела за сериозни злосторства против противниците на власта.

Меѓународни експерти за човекови права ја обвинуваат Националната гарда на Венецуела за злосторства

Активисти за човекови права, овластени од Обединетите нации, ја обвинија Националната гарда на Венецуела за сериозни злосторства против противниците на власта.

Независните експерти директно го инволвираа претседателот Николас Мадуро во извештајот нарачан од Советот за човекови права на ОН објавен денеска, пренесе ДПА.

– Високо централизираниот команден синџир – под команда на претседателот на Републиката како врховен командант на Боливарските национални вооружени сили – овозможи извршување на незаконски дејствија без ефективни механизми за внатрешна контрола или одговорност, се вели во извештајот.

Во извештајот, единицата на вооружените сили е обвинета за прекршувања на човековите права и злосторства против човештвото повеќе од една деценија.

Од 2014 година, војниците извршиле „произволно одземање живот, произволни притворања, сексуално насилство и насилство засновано на пол, како и тортура и друг суров, нехуман или понижувачки третман за време на операции за спроведување на законот во контекст на протести и во акции на целен политички прогон“, се вели во текстот.

Мисијата за утврдување факти го истакна, според нивно мислење, произволното пукање кон демонстрантите за време на протестите во 2014, 2017, 2019 и 2024 година.

Комисијата примила извештаи дека проектили биле модифицирани за да предизвикаат потешки повреди.

Се тврди дека индивидуалните гонења се целосно неадекватни и би влијаеле само на персоналот со понизок чин.

Во заклучокот на извештајот се вели дека високорангираните воени и политички претставници би можеле да бидат кривично одговорни како директни и индиректни сторители или соучесници.

To top