Свет „џиновски лонец за топење“

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

Русија не користи нуклеарно оружје како одговор на непријателските напади, бидејќи ја разбира опасноста и неповратноста од таков конфликт. Москва засега покажува трпение, но тоа може да истече, предупреди Медведев

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва може да употреби нуклеарно оружје доколку „го изгуби трпението“ и истакна дека никому не му треба нуклеарен конфликт бидејќи тоа е „многу лоша приказна со многу тежок исход“.

– Русија не користи нуклеарно оружје како одговор на непријателските напади, бидејќи ја разбира опасноста и неповратноста од таков конфликт. Москва засега покажува трпение, но тоа може да истече, предупреди Медведев на каналот Телеграм.

Тој истакна дека Москва покажува трпение со тоа што не го користи својот нуклеарен потенцијал за да одговори на активностите на Западот во украинскиот конфликт, вклучително и дозволата за изведување напади со прецизно оружје длабоко на руска територија, пренесува БТА.

– Сепак, помпезните англосаксонски идиоти не сакаат да признаат едно: на секое трпение му доаѓа крајот, наведува Медведев.

Тој заблежува дека би можело да се покаже дека се во право умерените западни аналитичари кои предупредуваат на можноста за нуклеарен одговор и дека „одговорот може да биде и употреба на нови ненуклеарни системи“.

Медведев предупредува дека Русија може да го уништи украинскиот главен град Киев и со ненуклеарно оружје како одговор на украинската употреба на западни ракети со долг дострел.

– Иако Москва има причини да користи нуклеарно оружје откако Украина влезе во Курската област, Русија наместо тоа може да употреби дел од своето ново оружје за да го претвори Киев во „џиновски лонец за топење“, вели Медведев.

To top