Свет Претседателката на Европскиот парламент

Мецола: Од компромисот на Рамката зависат нашата безбедност и задоволувањето на потребите на граѓаните

– Тоа ќе влијае на нашиот легитимитет, кредибилитет и политичка стабилност, бидејќи од украинската безбедност зависи и европската безбедност, истакна Мецола, потенцирајќи дека се надева на постигнување договор денеска, затоа што „помошта на Украина и треба денес, а не утре или за некој ден“.

Мецола: Од компромисот на Рамката зависат нашата безбедност и задоволувањето на потребите на граѓаните

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред денешниот почеток на специјалниот Самит на ЕУ нагласи дека е особено важно на ова заседание да биде постигнат компромис за среднорочната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која, меѓу другото, вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина, но и за помош на земјите од Западниот Балкан.

– Тоа ќе влијае на нашиот легитимитет, кредибилитет и политичка стабилност, бидејќи од украинската безбедност зависи и европската безбедност, истакна Мецола, потенцирајќи дека се надева на постигнување договор денеска, затоа што „помошта на Украина и треба денес, а не утре или за некој ден“.

Според неа, од оваа ревизија на Рамката не зависи само поддршката на Украина, туку и обезбедувањето на средства за задоволување на потребите на европските граѓани во повеќе сфери, како здравството, енергијата и истражувањето.

Мецола им се обрати и на земјоделците кои денеска протестираат во Брисел, во најголема мерка незадовлони од мерките од Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

– Ве гледаме и ве слушаме и ако сакате вашиот глас да биде слушнат, направете го тоа и во јуни на изборите за Европскиот парламент, им се обрати Мецола на земјоделците.

Таа се осврна и на состојбата на Блискиот Исток, потсетувајќи дека Европскиот парламент беше првата институција која повика на траен прекин на огнот во Газа и ослободување на сите заложници.

– Тоа е единствен начин да се обезбеди траен мир и стабилност во регионот, изјави Мецола, изразувајќи надеж дека и лидерите на ЕУ денеска ќе излезат со сличен став и со цел целата Унија да „говори во еден глас“.

To top