Свет

Марко Бошњак избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој на таа функција ќе ја наследи Ирката Сиофра О’Леари, соопшти денеска судот чие седиште е во Стразбур.

Бошњак (50) е потпретседател на ЕСЧП од ноември 2022 година. Тој ќе ја преземе новата функција на 2 јули.

Времетраењето на неговиот мандат не е прецизирано.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права обично се избира за најмногу три години, но судиите не можат да останат на функцијата повеќе од девет години.

Бошњак е во Европскиот суд за човекови права од 2016 година, а неговиот мандат треба да истече во 2025 година.

Судиите немаат право на реизбор.

Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на судот, во принцип по еден судија по земја членка на Советот на Европа.

Сиофра О’Леари беше првата жена избрана на чело на ЕСЧП.

Норвешкиот судија Арнфин Бардсен денеска е избран за потпретседател на ЕСЧП. И тој ќе ја преземе функцијата на 2 јули.

Европскиот суд за човекови права е судска гранка на Советот на Европа. Тој е одговорен за постапување по жалби поврзани со прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права во 46 земји кои ја ратификувале.

Најнови вести од Свет

To top