Свет Аполитичен вокабулар

Макрон за новите власти на Хаити: „Тие се тотални кретени!“

Преодниот совет на Хаити го собори профранцускиот премиер Гари Конил по само пет месеци на функцијата, што Макрон го нарече „страшно“ во видеото. „Тие се целосни кретени“, рече Макрон за преодното тело, додавајќи дека „никогаш не требаше да го заменат“.

Макрон за новите власти на Хаити: „Тие се тотални кретени!“

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече преодниот совет на Хаити „тотални идиоти“ за смена на премиерот, според видеото снимено на самитот на Г20 во Бразил оваа седмица и споделено на социјалните мрежи во четвртокот.

На видеото од самитот на Г-20 се гледа разговор меѓу францускиот челник и друго лице кое ги обвинува Макрон и Франција дека се „одговорни за ситуацијата на Хаити“.

Преодниот совет на Хаити го собори премиерот Гари Конил по само пет месеци на функцијата, што Макрон го нарече „страшно“ во видеото. „Тие се целосни кретени“, рече Макрон за преодното тело, додавајќи дека „никогаш не требаше да го заменат“.

Осудувајќи ги изјавите, Министерството за надворешни работи на Хаити во четвртокот соопшти дека го повикало францускиот амбасадор Антоан Мишон по „неприфатливите коментари“.

Според соопштението на министерството, министерот за надворешни работи и богослужба на Хаити, Жан-Виктор Харвел Жан-Батист изразил „огорченост“ на состанокот во име на преодниот совет, за кој рече дека го сметал за „непријателски и несоодветен гест што мора да да се коригира“.

На видеото се гледа и францускиот претседател, кој е на турнеја низ Латинска Америка, а неодамна престојуваше во Чиле, обвинувајќи ги Хаиќаните дека „дозволиле да завладее трговијата со дрога“.

„Искрено кажано, Хаиќаните го убија Хаити“, вели францускиот претседател на видеото.

Бизнисменот Аликс Дидие Филс-Аиме положи заклетва како нов премиер на Хаити на 12 ноември, ветувајќи дека ќе ја врати безбедноста во земјата разурната од кризата.

To top