Свет

Мадуро повика на мир и единство во Венецуела

Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, во првите пораки на социјалните мрежи по нивното апсење во Каракас, повикаа на мир и национално единство, наведувајќи дека се „цврсти“ и „спокојни“.

„Денес повеќе од кога било повикуваме на континуирани напори за зацврстување на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и обединување на сите. Никој нека не скршне од патот на дијалогот, соживотот и почитувањето“, порачаа Мадуро и Флорес во пораките објавени на Телеграм и на профилите на X на сменетиот претседател.

Пораките се објавени два дена по нивното последно рочиште пред судот во Њујорк, каде што им се суди по обвиненија за шверцување дрога и оружје.

Во пораките наведоа дека се „добро, силни, спокојни и во постојана молитва“, и им се заблагодарија на сите за поддршката што ја добиле преку пораки и писма за време на нивното заточеништво. Мадуро и Флорес му се заблагодарија на венецуелскиот народ за „толку многу сила, толку многу храброст и толку многу солидарност“.

Ова е прва објава потпишана од Мадуро и Флорес која е споделена на социјалните мрежи од нивното апсење на 3 јануари, за време на американскиот воен напад во Каракас. Досега, синот на сменетиот претседател, конгресменот Николас Мадуро Гера, објавуваше пораки од својот татко во кои уверуваше дека тој е „многу добро“ и дека е во „одлично расположение“.

To top